Македонската ракометна репрезентација забележа огромна победа, откако вечерва се радуваше на триумф над фаворизираниот домашен тим на Исланд со резултат 33:34 (17:17).
Одново одличен натпревар одигра капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов. Стоилов и на овој натпревар покажа дека е во извонредна форма, па дури и дека заморот не му може ништо. Стоилов откако одигра два искучително тешки натпревари со Вардар во СЕХА, вечерва одново беше феноменален и постигна четири погодоци во големата победа.
Ова беше прва победа на Македонија во историјата на гостински терен во Исланд. Овој викенд одново овие две селекции ќе одиграат натпревар, овој пат во Скопје пред нашата публика.