Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Оптимизам се вратил кај Пастор: Може да го минеме Вардар
Оптимизам  се вратил кај Пастор: Може да го минеме Вардар

Оптимизам се вратил кај Пастор: Може да го минеме Вардар

По враќањето  в Унгарија со “осумка“ во мрежата од првиот меч со Вардар во Скопје, тренерот на Пик Сегед, Хуан Карлос Пастор станал пооптимистичен. Тој смета дека одбраната која во Јане Сандански беше „избушена„ ќе успее да биде клуч за успехот и евентуалното чудо.

„Се се решава во одбраната, за нас таа беше  проблем во Скопје. Многу е тешко, но не безнадежно. Мораме да ја побараме нашата шанса. Покажавме оваа сезона дека успеавме да победуваме против добри тимови со пет или шест гола. Мораме да играме многу подобро. Ф4 не е невозможна мисија. Одигравме многу лошо во одбрана, а на другата страна недостасуваа лесни голови. Иако бевме во добра ситуација и во вториот дел, тоа што не играте добро во одбрана, ја нарушува сигурноста и може да доведе до вакви ситуации. Во завршницата се обидовме индивидуално да ги решиме нападите и се распаднавме“.