Пред две години на денешен ден имаше испишување на ракометна историјa. Нашиот шампион РК Вардар во еден одличен натпревар, покажа дека е за неколку класи подобар од германскиот тим на Фленсург. Во ниту еден момент и на мечот во Скопје, Вардар не беше доведен да брка негатива. Со помошта на одличната публика, Вардар во вториот дел го “докречи” противникот. Вардар овој натпревар го доби со убедлив резултат 35-27 (15-10).
Тоа беше првиот пласман во историјата на клубот која датира од 1961 година на завшница во шампионската лига. Се потоа беше историја, ние со победите над Барселона и ПСЖ ја донесовме првата титула во земјава, европски шампион во машкра ракометна конкуренција.