Еден од реномираните ракометни портали „Балкан Хандбал“ објави дека е срушен рекордот на посетеност на една објава. Првото место во историјата на овој портал, во моментот го држи објавата за триумфот на Вардар против екипата на Пик Сегед, како што стои во насловот „Вардарово чудо за рекорден ден во историјата на Балкан Хандбал. Инаку црвено-црните и покрај проблемите во кои се наоѓаат после најавата за повлекување на сопственикот Сергеј Самсоненко, сепак Вардар покажа уште еднаш дека е големо семејство, во кое владее карактер на големи победници.
Претходниот рекорден број на посети го држеше насловот за историскиот пламан на две македонски екипи, во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите, во 2014 година, додека третото место моментално и припаѓа на објавата за нерешениот резултат на Македонија против Германија, на ЕП во 2018 година.