Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Калман: Ништо не е загубено, има уште 60 минути кои со нетрпение ги очекуваме
Калман: Ништо не е загубено, има уште 60 минути кои со нетрпение ги очекуваме

Калман: Ништо не е загубено, има уште 60 минути кои со нетрпение ги очекуваме

И покрај високиот пораз на првиот натпревар одигран во Скопје, од редовите на Пик Сегед се уште веруваат дека можат да направат подвиг и да ја надокнат негативата од осум голови. Еден од најискусните играчи во тимот, левото крило, Јонас Калман, смета дека ништо не е загубено и дека со помош од навивачите, Пик Сегед може да стигне на Ф4 во Келн.

Ништо не е загубено, има уште 60 минути кои ние со нетрпение ги очекуваме. Одигравме катастрофално лошо во последните неколку минути во Скопје и тоа не доведе до висок пораз. Можеме да се надигруваме со Вардар и верувам дека се уште постојат шанси за пласман на завршниот турнир во Келн. Очекувам и голема помош од навивачите кои знаат да направат добра атмосфера, во која можеме да играме против секој тим. Се надевам дека на реваншот ќе ја надоместиме негативата и ќе славиме со поголема разлика. 

Реваншот е закажан за на 5.мај со почеток од 19:00 часот.