Македонската фудбалска репрезентација до 15 години го одигра и последниот меч од групата, на силниот меѓународен турнир на нации.
Нашите млади надежи на натпревар со многу голови беа поразени од селекцијата на Норвешка, со резултат од 3:2. Македонија во два наврати го израмнуваше резултатот, но противникот во 67 минута постигна и трет гол и го постави конечниот резултат, додека двата гола за Македонија ги постигна Михаил Талевски.
Во стартниот состав на селекторот Шабани за овој меч се најдоа и двајца играчи од Вардар. Се работи за Никола Павлески и Бесар Гуџуфи. Во игра во вториот дел влегоа уште и Игор Јаневски и Георг Стојановски. На голот беше поранешниот вардаров голман, а сегашен член на Црвена Ѕвезда, се работи за Васко Василев.