Генерацијата на ФК Вардар родени 2007 година со пораз го стартуваа турнирот „Црвен Куп“ во Софија. Поуспешни од нашите млади надежи беше екипата на ЦСКА Софија, која славеше со резултат 3:1.
Иако прикажавме добра игра, сепак на крајот бевме поразени. Вардар беше тимот кој успеа да го отвори резултатот, со голот на Стефан Младеновски, но противникот во продолжение од мечот постигна три гола во нашата мрежа и славеше триумф.
Доколку сакаме да се пласираме во полуфиналето, утре ќе мора да го добиеме мечот со екипата на Ботев Пловдив.