Вардар трета последователна година се најде на завршниот турнир во Келн, откако во 1/4 финалето успеа да ја елиминира екипата на Пик Сегед. Играчите оставија срце на терен и покажаа голем карактер, во моментите кога губевме и со девет голови разлика. Во вториот дел се вративме во игра и успеавме да ја сочуваме предноста стекната од првиот меч во Скопје.
„Никогаш не го потценувај срцето на шампионот“ гласеше пораката од Вардар.