Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар утре ја пречекува ЖРК Стружанка на “генералната проба“ пред 1/2-финалето во Купот
Вардар утре ја пречекува ЖРК Стружанка на “генералната проба“ пред 1/2-финалето во Купот

Вардар утре ја пречекува ЖРК Стружанка на “генералната проба“ пред 1/2-финалето во Купот

Ждрепката посака екипите на ЖРК Вардар и Стружанка да се судрат во дуелот за пласман во големото Куп финале на Ф-4 турнирот во Куманово на 9.мај. Двата Куп-полуфиналисти утре ќе имаат “генерална проба“ за мечот во четврток, оваа е средба  во рамки на Плеј-офот. Натпреварот се игра во Спортскот центар “Јане Сандански“ во Скопје, утре (вторник) 7.мај со почеток во 19-30 часот.

Утре е прилика за нова победа,  па да влеземе со  психолошка предност пред противникот по две врзани победи гости-дома. Пред еден месец односно на 6.април ние на гостувањето во Струга кај овој ривал ја имавме најголемата победа оваа пролет во суперлигашките соочувања. Доминитавме целосно на овој дуел, тргнавме уште на почетокот фуриозно, одличната одбрана, серијата одлични одбрани на Грујовска и “казните“ преку контри на Трпевска и Ѓорѓиевска донесоа резултатско одлепување кое на пауза беше двоцифрено, 8-19. Во вториот дел рутинирано одигравме и победивме со 24-34. Ние бевме првата екипа која ги совлада на домашен терен сезонава.

Две  вардарки имаа на тој дуел двоцифрен ефект, односно 11-ки зад своите имиња. На голот одлична партија за Симона Грујовска кога го откажа ривалот иако мораше да мине дел од мечот на клупа поради храбрата одбрана со лице, крилото Трпевска Ивона покажа завидно ниво на игра,  казнувајќи ги сите нивни грешки, таа ги “решеташе’ стружанки со дури 11 гола. Другото крило Стефанија Ѓорѓиевска исто така беше безмилосна кон домаќинот, Фани одигра добар меч и  погоди 6 пати колку и бекот Седлоска Андреа.