Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тоскиќ се најде во идеалниот тим на колото во ЛШ
Тоскиќ се најде во идеалниот тим на колото во ЛШ

Тоскиќ се најде во идеалниот тим на колото во ЛШ

После комплетирање на секое коло во најголемото ракометно натпреварување, ЕХФ го одбира најдобриот тим. Нашиот пикер Алем Тоскиќ сосема заслужено е избран за најдобар на својата позиција. Тој беше еден од најзаслужните за триумфот против Кристијанштад. Заедно со Дибиров го завршија натпреварот како најефикасни играчи, постигнувајќи по 7 голови. Тоскиќ е незаменлив дел од играта и во одбраната на Гонзалес, и е еден од најстандардните во екипата.

Видеото од најдобрите седум во третото коло на лигата на шампионите, можете да го погледнете ТУКА.