Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Никола Кизиќ: Ќе се стремам да продолжам во вакво издание и на следните натпревари
Никола Кизиќ: Ќе се стремам да продолжам во вакво издание и на следните натпревари

Никола Кизиќ: Ќе се стремам да продолжам во вакво издание и на следните натпревари

Ракометарите на Вардар 2 ја остварија третата победа во првата ракометна лига. На гостувањето во Богданци, беа подобри од екипата на Младост. Конечниот резултат беше 22:24. Одличен старт на сезоната за црвено-црните, кои редат само победи. На овој дуел свое добро издание имаше младиот Кизиќ.

-Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, кој го започнавме во силен грч. Противникот знаеше многу добро тоа да го искористи и да има предност по првото полувреме. Сепак во вториот дел успеавме да ги консолидираме нашите редови и нашата физичка спремност, која дојде до израз во решавачките моменти.

Оваа млада екипа се наоѓа на првото место на табелата, со максмални 9 бодови. Никола Кизиќ беше најзаслужен за оваа победа. Мечот го заврши со неверојатни 21 одбрана.

Сезоната ја отворивме одлично со три победи и се надевам дека така ќе продолжиме. Мојата добра партија е плод од секојдневната работа со тренерот Петрушевски. Ќе се стремам да продолжам во вакво издание и на следните натпревари, изјави Никола Кизиќ за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски