Свој натпревар во првенството, викендов одиграа и пионерите на Фк Вардар. На домашниот терен на локомотива се сретнаа со екипата на Академја Пандев од Струмица. Рутинирано со резултат од 2:0 го добивме овој дуел, резултат што беше актуелен и на полувремето. Стрелец на двата погодоци беше Александар Ѓоргиески, кој за нашиот сајт го изјави следново:
-Одигравме добар натпревар, на кој бевме фаворити. Знаевме дека нема да биде лесно, бидејќи притисокот беше на наша страна. Презадоволен сум од мојата игра и од резултатот кој го остваривме. Среќен сум што и помогнав на мојата екипа со двата погодоци да ги освоиме три бода од овој дуел. Се надевам дека ќе продолжиме во победничко темпо, со цел да ја освоиме лигата и купот, изјави Александар Ѓорѓиевски за нашиот сајт.
Ова е вкупно петата победа за оваа генерација, која има само еден пораз. На претходните три натпревари во домашните натпреварувања, нема примено гол во својата мрежа. Има најдобра одбрана во целата лига, со само еден примен гол.
Звонко Ивановски