Победи во второто коло на детската лига и за Вардаровите генерации, фудбалери родени “2002“ и “2003“.
Фк Вардар генерација “2002“ која ја предводи Павел Неделковски, беше убедлива во ова коло. Противник им беше тимот на Шкупи, кој високо го поразија со 5:0. Натпреварот се играше во две полувремиња, секое по 30 минути. Уште по првиот дел имавме високо водство од 3:0, кои до крајот на мечот само го зголемувавме. Разликата во квалитет беше далеку на нашата страна, па ниту во еден момент не беше доведен во прашање триумфот. Леонид Игнатов постигна два гола. По еден беа дело на Дамјан Трајановски, Петар Давидовски и Дамјан Андреев. Во првото коло, оваа генерација службено го доби својот мечот, поради не пристигнување на противникот.
Успешен настап викендов имаше и генерација “2003“ предводена од Ане Андоновски. Тие беа поуспешни од своите врсници од Милано, победувајќи со резултат 4:1. Дарио Јовановски посигна хет-трик, еднаш во листата на стрелци се впиша и Филип Георгиевски. Во првото коло, оваа генерација го победи Металург со 1:0. Стрелец на голот беше Филип Георгиевски.