Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Моќен Вардар, следуваат два натпревари ”да се биде или не”
Моќен Вардар, следуваат два натпревари ”да се биде или не”

Моќен Вардар, следуваат два натпревари ”да се биде или не”

Доминација на теренот, моќ, и сигурни три бода. ФК Вардар покажа, и докажа дека е неколку класи по добар тим од кратовски Силекс. Веќе петта година по ред, ФК Вардар се враќа од кратово без пораз. Овој пат со убедлива игра, до лесна победа од 0:3. Стрелци на головите за ФК Вардар беа: Мијушковиќ, со првенецот во црвено – црниот дрес, потоа Хамбарџумјан, и точка на натпреварот стави ново влезениот Јасир Асани, кој по се изгледа се буди, и почнува да се наметнува во тимот на Седлоски.

Но… ова беше само ”генерална проба” на тоа што следи, а тоа се двата клучни натпревари за црвено – црните момци, натпреварите кои треба да бидат најтешки до крајот на оваа календарска година. По едно неделната пауза, Вардарци гостуваат на Чаир, на жешкото гостување против Слога. Слога ни е должник, ни ”скина” два бода, па затоа одиме по триумф, како и што му доликува на ФК Вардар. А потоа следува домашната средба со лидерот на табелата Шкендија. Одиме да одиграме на тој натпревар нешто слично од Куманово и да покажеме повторно кој е кој во ПМФЛ.

Фото: fkvardar.mk