РК Вардар во своите редови има вистински кружен напаѓач. Станува збор за кој друг, ако не, Алем Тоскиќ. Тоскиќ веќе трета сезона во црвено – црниот дрес покажува дека се работи за вистински мајстор, кога се работи околу пикерската позиција во тимот. Иако Тоскиќ има над 30 години, сепак покажува дека се работи за вистински професионалец, кој си ја разбира својата работа, овој човек игра повеќе од 40 минути на секој натпревар, во две фази. Покрај нападот (кружен напаѓач) Алем успешно си ја извршува својата задача и во дефанзивата. Минатата сезона беше вистински двоец во одбраната заедно со Абутовиќ, а оваа година, иако конкуренцијата во екипата е огромна, сепак има повторно голема улога во одбраната.
Вчера Тоскиќ беше фантастичен, ја одигра една од најдобрите партии во дресот на РК Вардар. Постигна 7 погодоци од 9 обиди.. Тоа за еден кружен напаѓач е повеќе од одличен меч. Но тоа не е се, Тоскиќ и на минатата средба, во Франција против Монпелје одигра исто така една одлична партија и постигна 5 погодоци. Вкупно на овие три натпревари, има постигнато 13 голови. Очекуваме оваа бројка да се зголемува уште следната сабота, односно Тоскиќ да биде еден од клучните играчи во црвено – црниот дрес.