Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Една победа и пораз за Фк Вардар генер. “2004“ во детската лига
Една победа и пораз за Фк Вардар генер. “2004“ во детската лига

Една победа и пораз за Фк Вардар генер. “2004“ во детската лига

Викендов се одигра второто коло во детската лига. Свој настап имаше генерација “2004“ која ја предводи тренерот Филип Арсовски. Натпреварите се играат на терените на фудбалската федерација на Македонија. Се играат две полувремиња, по 20 минути. Оваа генерација настапува со две екипи, кои забележаа една победа и еден пораз.

Првиот тим на Фк Вардар генерација “2004“ беше поразен од своите врсници од Милано. Конечниот резултат гласеше 1:2. Стрелец на единствениот погодок за нашиот тим беше Марио Ричков.

Втората екипа на црвено-црните за противник го имаше тимот на Фк Драчево. Тука забележавме висок триумф од 6:0 и заслужено ги освоивме бодовите. Ивановски постигна два голови, по еднаш во листата на стрелци се запишаа Перковски, Лазов, Сурлов и Ангелов. 

Во првото коло на детската лига, избраниците на Арсовски имаа две победи. Совладани беа екипите на Работнички и Шкупи. Наредниот викенд ќе продолжат натпреварите во оваа лига.