Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Се комплетираше третото коло во ЛШ, Вардар го зазема врвот во својата група
Се комплетираше третото коло во ЛШ, Вардар го зазема врвот во својата група

Се комплетираше третото коло во ЛШ, Вардар го зазема врвот во својата група

Се комплетираше третото коло во групната фаза од лигата на шампионите. Екипите на Вардар и Брест Мешков се единствените непоразени, во првите три кола на најголемото натпреварување. Црвено-црните на најдобар можен начин го искористија нерешениот резултат помеѓу Рајн-Некар и Киелце, за да избие на првото место на табелата во својата група. Вчера забележавме нов триумф, на гостувањето во Шведска против екипата на Кристијанштад. Во текот на целиот меч ја имавме контролата на играта и не дозволивме противникот ниту еднаш да поведе. Штербик повторно беше меѓу главните ликови кај нашиот шампион со вкупно 20 одбрани. Дибиров и Тоскиќ беа главните диригенти во нападот, постигнувајќи по 7 голови. Македа продолжува со одлични игри, зад своето име вчера запиша 5 голови.

Во другите натпревари, како што напоменавме првиот натпревар од ова коло се одигра уште во средата, помеѓу тимовите на Рајн-некар и Киелце. Мечот заврши со поделба на бодовите, иако бундеслигашот испушти сигурна победа во последните минути од дуелот. Монпелје беше сигурен на свој терен против последно пласираниот, Киф Колдинг од Данска. Францускиот претставник победи со резултат 30:25 и ги впиша првите бодови во групата. Мачковшек беше предводник за првиот триумф, постигнувајќи 9 голови. Актуелниот европски првак, екипата на Барселона со победа се врати од гостувањето во Унгарија. Против силниот Пик Сегед, избраниците на Паскал сепак на крај триумфираа со 28:30. Кирил Лазаров го постигна својот јубилеен 1.000 гол во лигата на шампионите и стана првиот ракометар со вакво достигнување. Во победата против Сегед, учествуваше со 5 постигнати голови.

Следниот меч на црвено-црните е веќе во сабота во Ј. Сандански против добро познатиот Рајн-Некар. Ова е одлична можност со победа да се зацврстиме на првото место на табелата ид а се одалечиме на врвот на табелата од конкурентите. Се надеваме дека екипата ќе ја има поддршката и од своите најверни на овој дуел.

Вака изгледа табелата во групата Б:

1. Вардар  6

2. Рајн-Некар 5

3. Барселона  4

4. Киелце   3

5. Кристијанштад 2

6. Пик Сегед  2

7. Монпелје  2

8. Киф Колдинг  0