Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нема тим што може да го победи РК Вардар!
Нема тим што може да го победи РК Вардар!

Нема тим што може да го победи РК Вардар!

Нема одмор за нашите момци, по победата во Шведска, заминаа за Србија, на натпревар од Сеха лигата. Без клучните двајца играчи Дибиров и Карачиќ настапи Вардар на овој натревар во Србија, во тимот го немаше ниту Арпад Штербик и Алем Тоскиќ. Противник на нашиот тим беше дебитантот во Сеха натпреварувањето, тимот на Спартак Војпут. Натпреварот започна изадначено, нашите момци се одлепија некаде околу 15-тата минута, кога со два врзани гола на Лазаров резултатот беше 5:10 за нашиот тим. Потоа следуваше низа на четири гола во серија за домакинот, што се приближи на само – 1 гол негатива. Потоа следуваше нова наша серија од три гола, за конечни 12:15 по првиот дел.

Во второто полувреме први гол дадоа домакините, но одма потоа Манасков даде гол за +2, потоа следуваше игра гол за гол се до 42 минута од натпреварот. До оваа минута нај ефикасен во нашиот тим беше Лазаров со 5 голови. Лазаров и Марсениќ со нови голови, за +3 водство, потоа домакините постигнаа нов гол за 22:24 во 46 минута од натпреварот. Потоа Вардар постигна уште еден погодок преку Душебаев за 22: 25 во 48 минута од натпреварот.  Следуваше игра од три минути без гол, тимот од Суботица дадо гол во 51 минута од натпреварот, и намали на 23:25. Македа постигна прв погодок на овој натпревар за нови +3 за нашиот тим, потоа следуваше нов гол за Спартак за намалување на водството на два разлика во 54 минута. Овде беше се јасно во 55 минута кога нашиот тим имаше водство од +6 гола предност. Натпреварот заврши со победа, со резултат 27:36 за нашиот тим.
Нај ефикасни во нашиот тим беа: Лазаров (6) Марсениќ (7) Душебаев (4) Ангелов имаше (10) одбрани, а Милиќ (8)
Ова беше петта победа, од исто толку натпревари за нашиот тим во Сеха натпреварувањето. Следува мечот со Рајн Некар во сабота. Сите во сала, со поддршка за Вардар!