Денес во Јуниор лигата кај момците родени 2008 и 2009 година се игра завршниот Ф-4 турнир. По двете полуфиналиња кои се играа во малата сала при СЦ “Јане Сандански“ во Скопје пласман во големото финале обезбедија РК Седмерец Вардар и РК Ангели Вардар.
Прв финалист утрово се промовираше тимот на РК Седмерец Вардар од Охрид, тие го совладаа тимот на РК Партение Зографски Вардар од Скопје во полуфиналето со резултат 9-6. Дуелот почна со два гол за охриѓани, на што со погодок одговори скопскиот тим. На одмор се замина со резултат 3-1 на семафорот во “Јане Сандански“ за тимот на РК Седмерец Вардар.
Вториот период од 12.минути, колку што се игра во оваа возрасна категорија започна со погодок за 6-1 на Седмерец. Следеа минути на скопскиот тим кој успеа да намали на 7-3 на оваа средба. До крајот охриѓани го исконтолираа резултатот и обезбедија финале во Јуниор лигата со победата од 9-6.
РК Ангели Вардар од Скопје се вторите полуфиналисти, тие го совладаа тимот на РК Бисинов Вардар од Велес. Скопскиот тим започна со негатива 0-1 откако велешани погодија. Потоа тие издоминираа до крајот на првиот дел погодија пет пати, а не примија ниту еден гол. Па на одмор заминаа со плус четири, односно со предност 5-1.
Скопскиот тим најави финале на самиот почеток, РК Ангели поведоа по првиот напад со 6-1. Се до крајот беше рутина, Ангели Вардар го контролираа ова полуфинале, од минута во минута само додатно ја зголемуваа предноста. Тие победија со плус седум, односно со резултат 11-4.