Вардаровата генерација 2008 успеа да обезбеди учество на завршниот турнир во детската фудбалска лига, откако денес на терените на ФФМ успеа со екипата на Вардар (1) да триумфира и тоа убедливо во дуелот со екипата на Куманово.
Вардар (2) не беше во можност да направи подвиг и да го елиминира тимот на Кул, од кој загуби само минимално со 0:1, иако цел натпревар игравме со играч помалку. Единствениот гол екипата на Кул го постигна од пенал, откако вардарци направија три корни. Во првиот дел за одбележување се неколку удари на противникот кои ги одбрани Дарко Јовчев, додека кај Вардар се закани Матеј Киш, во првиот обид шутира над гол, додека вториот обид оди покрај голот. Се обиде и Коста Бошковски, но одбрани голманот.
Вардар се обидуваше да направи прилика во вториот дел, но едноставно тешко одеше. Избраниците на Влатко Колев покажаа борбеност за секоја топка, но Кул за само еден го беше подобар од нас, иако ќе истакнеме цел меч го одигравме со играч помалку во поле. Во вториот дел обид имаше Бошковски, но неговиот удар го одбрани голманот на Кул, додека противникот имаше обиди, не конкретни, кои беа лесна енигма за нашиот голман.
Затоа Вардар (1) успеа високо да го совлада тимот на Куманово (10:3) и да обезбеди учество на завршниот турнир. Лука Трпевски беше играчот кој го имаше првиот обид, но одбрани голманот на Куманово, додека најголемата прилика за отварање на резултатот ја имаше Арти Азизи, кој од белата точка ја погоди пречката. Сепак Ненад Дамјаноски ја реализира следната прилика за Вардар и му носи предност на Вардар од 1:0. Разликата во квалитет беше очигледна на теренот, а избраниците на Колев беа во целосна офанзива, еноставно не давајќи му шанса на противникот да се надева на нешто повеќе од овој меч. Најпрво со голот на Лука Трпевски, успеваме да поведеме со 2:0. додека со својнот втор гол резултатот го зголеми Ненад Дамјаноски, за предност од 3:0. Екипата на Куманово имаше удар на нашиот гол, но одбрани Лука Грчевски. Арти Азии беше играчот кој имаше можност да го зголеми резултатот најпрво ја погоди стативата од голот на Куманово, додека во вториот обид шутира за малку над голот. Со голот на Лука Трпевски, втор на мечот, на полувеме имаме солидна предност од 4:0.
Доминиравме и во вториот дел, бевме многу подобри од противникот, кој се обидуваше да пружи отпор, но не доволен да се направи резултатска неизвесност. Ненад Дамјаноски ставо точка на овој меч, кога со неговите два последователни голови успеваме веќе да зголемиме на 6:0, додека Вардар си сотигна уште еден гол, но овој пат во својата мрежа, што значеше намалување на 6:1. Во следната акција намали екипата на Кул и на 6:2, но брзо одговорија вардарци, кога со двата гола во серија на Стефан Бранковски зголемивме на 8:2. Претходно добра топка одбрани нашиот голман, Лука Грчевски. Обид имаше Азизи кој шутира крај голот, додека Ненад Дамјаноски со нов погодок зголеми на 9:2. До крајот на мечот, по еден гол во двете мрежи. Најпрво екипата на Куманово намали на 9:3, додека конечните 10:3 на овој меч од плеј-офот ги постави Арти Азизи.
На тој начин оваа генерација на Вардар ќе има можност на завршниот турнир, за одбрана на трофејот во детската лига.