Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2010 ќе има свој претставник на завршниот турнир во детската лига
ФК Вардар генер. 2010 ќе има свој претставник на завршниот турнир во детската лига

ФК Вардар генер. 2010 ќе има свој претставник на завршниот турнир во детската лига

Генерацијата на ФК Вардар родени 2010 година ќе има свој претставник на завршниот турнир во детската лига, откако утрово на терените на ФФМ екипата на Вардар (1) успеа да го совлада својот противник.

4

Вардар (2) после голема борба е елиминиран од екипата на Спорт Ефе, која славеше триумф со резултат 3:2. Вардар беше тимот кој успеа прв да го отвори резултатот, откако погоди Лука Пацески, после нафрлена топка од Лозанов, за голема радост на црвено-црните кои го отворија резултатот. Во шанса се најде и Седлоски, но неговиот удар го одбрани голманот. Спорт Ефе се обидуваше да израмни и тоа им успева кога еден од нивните играчи ја погоди нашата мрежа и го израмни резултатот на 1:1. До крајот на првиот дел видовме обид на Петар Васовски, кој заврши покрај голот, како и пречката која ја погоди Давид Лозанов.

2 3

Гледавме и динамично второ полувреме, во кое екипите покажаа желба за победа. Спорт Ефе направи целосен пресврт и успева да поведе со 1:2. Уште еден обид имаше противникот за зголемување на резултатот, но ударот оди покрај голот, додека кај Вардар се обиде Васоски, но одбрани голманот. Лука Јосифовиќ исто така беше во прилика кај Вардар, но одбрани голманот на Спорт Ефе. Во следниот период, противникот прави голем исчекор кон победата, кога успеваат да зголемат на 1:3. Вардар се погржи да намали на 2:3, со голот на Благојче Седлоски, а до крајот на мечот најголемите прилики ги имаше Македон Симев, тоа беа добри удари, но денес едноставно голманот на Спорт Ефе беше последната пречка и дефинитивно е јунакот на противникот, кој успева да обезбеди пласман на завршниот турнир.

Вардар (1) успеа да ја победи екипата на Милано и да избори учество во најдобрите осум екипи од целата земја. Противникот интересно во првите минути од мечот успеа да дојде до предност од 0:1, но до крајот на првото полувреме, видовме целосна доминација на нашите млади надежи. Ристиќ беше играчот кој беше во прва добра прилика за нас, но одбрани голманот на кумановчани, додека во вториот обид шутира покрај голот. Сепак истиов играч, со прецизен силен удар успева да донесе израмнување на 1:1. Се закани и Милано, одбрани нашиот голман, додека кај Вардар шанси имаа Марковиќ и Илиќ, но резултатот остана непроменет. За голема радост на вардарци се погрижи Дарио Илиќ, со чиј гол поведовме со 2:1, после наша добра акција, додека Огнен Сивевски се зпишува исто така во листата на стрелци и зголеми на 3:1, со силен удар по земја.

 Вардар сепак успева да ја зачува позитивата и во вториот дел. Милано намали на 3:2, а имаа и уште две големи прилики, кои за наша среќа завршија за малку крај голот. Имавме и ние обиди, но не остигнавме гол. Сепак на крајот црвено-црните славеа со резултат 3:2 и успеаа да се пласираат на завршниот турнир во детската лига.

Завршните мечеви на најдобрите екипи од цела Македонија, ќе се одиграат на 24. 25. 26 мај на терените на ФФМ.