Генерацијата на ФК Вардар родени 2008 година успеаа да го освојат силниот меѓународен турнир „Тракиски Хотелиери“ во Бугарија. Избраниците на Влатко Колев во големото финале ја надиграа екипата на Левски Софија, совладувајќи ја со резултат 4:1.
Претходно во полуфиналето ја „прегазивме“ екипата на Академија Пандев, која ја совладавме убедливо со резултат 3:0. Одлична игра на нашите млади надежи, кои покрај постигнатите голови, имаа уште неколку добри шанси за повисока победа. Стефан Бранковски беше играчот кој постигна два гола, додека во листата на стрелци се запиша и Петар Блажевски.
Во големото финале на турнирот силите ги одмеривме со екипата на Левски Софија, која важи за една од најдобрите млади школи во Бугарија. Избраниците на Колев одиграа перфектен натпревар, едноставо го надиграа Левски, поразувајќи го убедливо со резултат 4:1. Ненад Дамјаноски постигна два гола, додека по еден беа дело на Арти Азизи и Лука Трпевски.