Денес со почеток од 17:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се одигра големото младинско финале во купот на Македонија. Во него ќе се сретнат екипите на Вардар и Шкендија.
Оваа сезона одигравме два меѓусебни дуели, кои со еден гол ги доби екипата од Тетово, која успеа да ја освои шампионската титула во младинската Супер лига, додека за вардарци ова е можност за прв трофеј сезонава.
Стрим од финалето можете да проследите на линкот, ТУКА.