Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардарците од генер. 2008 ја „прегазија“ Левски Софија и го освоија силниот меѓународен турнир во Бугарија
Вардарците од генер. 2008 ја „прегазија“ Левски Софија и го освоија силниот меѓународен турнир во Бугарија

Вардарците од генер. 2008 ја „прегазија“ Левски Софија и го освоија силниот меѓународен турнир во Бугарија

Генерацијата на ФК Вардар родени 2008 година успеаа да го освојат силниот меѓународен турнир „Тракиски Хотелиери“ во Бугарија. Избраниците на Влатко Колев во големото финале ја надиграа екипата на Левски Софија, совладувајќи ја со резултат 4:1.

Претходно во полуфиналето ја „прегазивме“ екипата на Академија Пандев, која ја совладавме убедливо со резултат 3:0. Одлична игра на нашите млади надежи, кои покрај постигнатите голови, имаа уште неколку добри шанси за повисока победа. Стефан Бранковски беше играчот кој постигна два гола, додека во листата на стрелци се запиша и Петар Блажевски.

vardarfans-2008 vardarfans-tekst

Во големото финале на турнирот силите ги одмеривме со екипата на Левски Софија, која важи за една од најдобрите млади школи во Бугарија. Избраниците на Колев одиграа перфектен натпревар, едноставо го надиграа Левски, поразувајќи го убедливо со резултат 4:1. Ненад Дамјаноски постигна два гола, додека по еден беа дело на Арти Азизи и Лука Трпевски.

60619029_1294257707396330_4124612808388116480_n 60759771_665655717192826_1547899710897913856_n 61238635_264105001072674_1557306170312491008_n