Предмалку заврши прес-конференцијата на нашиот ракометен машки колектив. На истата присуствуваа шефот на стручниот штаб на црвено – црните Раул Гонзалез и Горбок. Тие ги искажаа својте видувања за дуелот со германскиот престваник во ЕХФ лигата на шампионите .
Имаме добра ситуација,со освоени шест бодови во првите три натпревари. Сега играме со Рајн Некар кој одигра одличен меч во првенството со Кил. Ќе ни биде потребна поддршката од публиката,бидејќи ќе биде тежок меч. Тие имаат добра игра и силна одбрана. Имаме мали проблеми со повредени играчи. Ние ги победивме минатата сезона на домашен и гостински терен. Сепак ова е нов натпревар, неможам да кажам како ќе се одвива саботниот дуел. Карачиќ и Дибиров со сигурност ќе настапат во сабота. Неизвесно е играњето на Стоилов и Марсениќ кој има проблеми со скочниот зглоб. Сепак ние сме спремни да дадеме максиум на овој дерби дуел, изјави Гонзалес.
Рускиот интернационалец Сергеј Горбок најдобро го познава нашиот следен противник тој мина четири сезони во редовите на Рајн-Некар, тој го изјави следново :
Ќе биде сигурно тежок меч и за двете екипи. Имаме три победи на стартот, но сега играме против Рајн-Некар кој практикува брз и атрактивен ракомет. Се надевам дека целата сала ќе биде исполнета, бидејќи ни е потребна голема поддршка. Мораме да бидеме подготвени , да одиграме без грешки. Тие имаат брз контра напад и лесно казнуваат, рече Горбок на пресот.