Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Листа на стрелци во ФК Вардар, Блажевски сеуште го држи врвот
Листа на стрелци во ФК Вардар, Блажевски сеуште го држи врвот

Листа на стрелци во ФК Вардар, Блажевски сеуште го држи врвот

По завршениот прв круг односно одигрувањето на по еден меч со сите противници во ПМФЛ на клубската листа на стрелци во црвено- црните сеуште на врвот е Блажевски кој во меѓувреме го загуби врвот од Хасани и Илијовски на листата на стрелци во првата македонска лига.

Вардар досега во домашната лига има постигнато 27 гола кој се дело на 10 различни фудбалери, и имаме пет гола постигнати во Купот на Македонија кој пак се дело на исто толку различни стрелци. Просекот во ПМФЛ е точно 3,00 гола по натпревар, а во купот просекот на избраниците на Гоце Седлоски е 2,50 постигнати погодока по одигран дуел. Треба да се напомене дека Вардар ја има најдобрата одбрана во лигата со само 5 примени гола или просек од само 0,55 примени гола по дуел во лигата, сличен е просекот и во купот тој е нешто помал и изнесува 0,50 примени гола по меч.

Место Играч ПМФЛ+КУП  Вкупно
1 Блажевски 7+1 8
2 Ивановски 4+0 4
3/5 Ромеро 3+0 3
3/5 Дашјан 2+1 3
3/5 Хоф 2+1 3
6 Филипе 2+0 2

*По еден гол имат :Асани, Попов, Љамчевски  и Мијушковиќ во ПМФЛ,а Грнчаров и Велковски по еднаш стрелаа во Купот на РМ.

*Ивановски е стрелец на единствениот гол за црвено-црните во Супер-Купот.

*Љамчевски е стрелец на единствениот гол за ФК Вардар во Л.Ш со АПОЕЛ.

фото:фквардар.мк