Нерешен резултат за пионерите на ФК Вардар, на вториот натпревар на турнирот „Кварнерска Ривијера 2019“. Уште еден голем резултат за избраниците на Кралевски, кои ремизираа (1:1) во дуелот со екипата на Железничар од БИХ, која важеше за најголем фаворит за освојување на првото место во нашата група.
Црвено-црните први успеаа да го отворат резултатот на 1:0 со голот на Азер Омерагиќ уште во 3.минута од натпреварот. Во вториот дел, противничката екипа успеа да постигне гол и да го израмни резултатот на 1:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат на овој меч. Пех за Вардар беше повредата на Леонид Игнатов на средината на првото полувреме, кога и ја напушти играта.
Вардар: Китановски, Петејчук, Радуловиќ-Величковиќ, Манасиевски, Крстевски, Асани, Гугуљанов, Салиу, Речица, Игнатов, Омерагиќ (c)
Утре не очекува и последниот меч од групната фаза, противник е екипата на Поморац од Хрватска. Во истава група, во рамките на второто коло меч одиграа екипите на Поморац и Ријека, кој заврши со нерешен резултат 4:4. На табелата Вардар и Железничар го делат првото место со по 4 освоени бодови, додека Поморац и Ријека имаат по 1 бод. Утре на нашиот состав му е потребен и бод од дуелот со Поморац, за пласман во 1/4 финалето.