Вардар со пораз ја заврши натпреварувачката сезона 2018/19 во рамките на Супер-Лигата, откако вечерва во рамките на последното коло од плеј-офот во спортската сала во Автокоманда беа поразени од екипата на Металург (32:29)
Вардарци на овој дуел настапија со кадетски состав, единствено во составот беа голманите Милосављев и Гедбан. И со таков состав пруживме силен отпор на Металург и на крајот бевме поразени со три гола разлика. Во текот на целото прво полувреме, домашниот тим беше во постојана предност, која се движеше од 2-4 голови разлика, но по истекот на првите 30 минути, противникот имаше само еден гол позитива 16:15.
Во вториот дел, Металург го засили темпото на игра, кое децата на Вардар не можеа да го следат. Решавачкиот исчекор, сините од Автокоманда го направија кога постигнаа неколку голови во серија и се одлепија на највисоки осум голови (28:20). Сепак во последните десет минути од мечот, младите вардарци ја намалија негативата и се погрижија за достоен пораз од 32:29.
Најефикасен во нашиот состав беше десниот бек Давид Савревски кој постигна 5 голови, додека по 4 имаа Грујовски, Марко и Марио Мишевски.
ВАРДАР: Кизиќ, Милосављев, Гедбан, Марио Мишевски 4, Чакалиќ 2, Павлоски 1, Димитријевски 3, Србиновски 2, Грујовски 4, Савревски 5, Димчевски 2, Калајџиески 2, Марко Мишевски 4.
Претстојниов викенд, Вардар ќе биде дел од завршниот турнир во Келн, каде ќе се обиде да ја нападне Европската титула. Во сабота на програмата е полуфиналето против екипата на Барселона.