Четврта година по ред генерација 2007 на ФК Вардар успеа да стане шампион на Македонија и на тој начин да ја потврди доминацијата во оваа категорија. Оваа генерација имаше тешка сезона, со многу тренерски промени, но сепак на крајот успеаа повторно да се искачат на врвот. Во големото финале црвено-црните после изведување на пенали ја совлада екипата на Кул, а еден од јунаците беше голманот Антонио Пишовски, кој одбрани три удари од белата точка на Кул.
Погледнете ја фотогалеријата од финалниот дуел на Вардар и Кул.