Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Преглед на сезоната за најмладите вардарци од генер. 2010, кои успеаа да стигнат во најдобрите осум екипи од цела Македонија
Преглед на сезоната за најмладите вардарци од генер. 2010, кои успеаа да стигнат во најдобрите осум екипи од цела Македонија

Преглед на сезоната за најмладите вардарци од генер. 2010, кои успеаа да стигнат во најдобрите осум екипи од цела Македонија

Вардаровата генерација 2о10 во својата втора натпреварувачка сезона во детската лига успеа да се пласира на завршниот турнир на најдобрите екипи од цела Македонија и да биде меѓу најдобрите осум. И оваа сезона се натпреварувавме со две екипи. Вардар (1) во текот на целата сезона одигра вкупно 22 натпревари, од кои 17 меча беа во регуларниот дел од сезоната, 3 во плеј-оф разигрувањето и 2 дуели на завршниот турнир. Беа остварени вкупно 19 победи, само еден нерешен резултат и само два порази од кои еден беше токму во четврт-финалето и тоа дури после изведување на пенали, од екипата на Јанг Тим. Бевме голгетерески расположени, оваа екипа на Вардар успеа да постигне 155 голови, додека прими 30 погодоци.

04

Ова се сите постигнати резултати на Вардар (1) во регуларниот дел од сезоната, каде имавме само еден и единствен пораз и тоа од екипата која на крајот успеа да стане вицешампион во детската лига, тоа беше тимот на Биџо кој доаѓа од Куманово.

1 коло: Вардар – Форца (1) 6:0

2 коло: Вардар – Кул (1) 5:3

3 коло: Вардар – Куманово 9:1

4 коло: Вардар – Карпошово 8:2

5 коло: Вардар – Биџо (1) 3:2

6 коло: Вардар – Њу Старс 12:2

7 коло: Вардар – Беса 14:0

8 коло: Вардар – Скупи 11:0

9 коло: Вардар – Њу Јорк 5:2

10 коло: Вардар – Гроздановски (1) 6:3

11 коло: Вардар – Форца (1)  8:1

12 коло: Вардар – Кул (1)  2:2

13 коло: Вардар – Куманово 7:1

14 коло: Вардар – Биџо (1)  1:4

15 коло: Вардар – Њу Старс  10:0

16 коло: Вардар – Грозданоски (1)  4:1

17 коло: Вардар – Беса 16:0

433

Успешно ја поминавме плеј-оф фазата, во која одигравме три натпревари и истите ги добивме во своја корист.

Плеј-оф разигрување

1 коло: Вардар – Мондано 11:0

2 коло: Вардар – Тефејуз  4:1

3 коло: Вардар – Милано  3:2

На завршниот турнир на најдобрите екипи од цела Македонија, несреќно бевме елиминирани во 1/4 финалето од екипата на Јанг Тим, дури после изведување на удари од белата точка.

61337177_2219988528047981_720599309296336896_n

Завршен турнир:

1225

1/8 финале: Вардар – Талент  8:1

1/4 финале: Вардар – Јанг Тим  2:2  ( пенали: 0:2)

Солидна игра прикажа и тимот на Вардар (2) кој стигна до плеј-оф фазата, каде „падна“ на последната елиминациска пречка. Во текот на целата сезона одигравме вкупно 20 натпревари, имавме 12 победи, 3 нерешени резултати и 5 порази. Постигнавме вкупно 67 голови, додека примивме 40.

1318

Ова се сите остварени резултати на Вардар (2) за оваа натпреварувачка сезона.

1 коло: Вардар – Форца (2) 3:6

2 коло: Вардар – Кул (2) 4:3

3 коло: Вардар – Еуроспорт 6:2

4 коло: Вардар – Фудбал Кидс 6:1

5 коло: Вардар – Биџо (2) 3:1

6 коло: Вардар – Шкупи 2:2

7 коло: Вардар – Работнички 6:3

8 коло: Вардар – Дрим Тим 1:0

9 коло: Вардар – Милано 1:5

10 коло: Вардар – Гроздановски (2) 2:3

11 коло: Вардар – Форца (2)  1:4

12 коло: Вардар – Кул (2)  4:1

13 коло: Вардар – Еуроспорт  1:1

14 коло: Вардар – Биџо (2)  3:0

15 коло: Вардар – Шкупи  1:1

16 коло: Вардар – Гроздановски (2)  9:0

17 коло: Вардар – Работнички 6:2

330

Плеј-оф разигурвање:

1 коло: Вардар – Смилковци  4:1

2 коло: Вардар – Гроздановски  2:1

3 коло: Вардар – Спорт Ефе  2:3

624