Во недела, 2.јуни со почеток во 9-00 часот ќе се оддржи по трет пат атлетската манифестација Охрид Трчат. На истата ќе има преставник и од црвено-црниот атлетски колектив.
Стартот на трката е на плоштадот СВ. Климент Охридски потоа се трча по улиците: Македонски Просветители, Партизанска, Јане Сансански, Димитар Влахов, Македонски Просветители, Туристичка, Абаз Емин, Кирил и Методи, Илинденска, Коста Абраш, Кеј Македонија, Јане Сандански, Партизанска, Македонски Просветители и целта е на плоштадот СВ Климент Охридски.
За прв пат на оваа манифестација ќе настапи нашиот атлетичар Петре Завировски. Тој ќе настапи на трката на 5км. Да потсетиме Завировски оваа сезона имаше два успешни настапи на „Трчаме кон целта“ односно Скопскиот Маратон. Вардарецот иако млад атлетиар ја одработува својата 10-та професионална сезона.