Х фактор на денешниот меч беше Петар Ангелов – Диви. Во моментите кога не му одеше баш најдобро на Штербик, се чини Гонзалез ја направи замената на натпреварот. Некаде околу 35-40 минута од натпреварот на местото на Арпад Штербик влезе Диви. Од тогаш па се до крајот на натпреварот Диви беше помегу стативите на голот на РК Вардар. Од тој момент па се до крајот на натпреварот, разликата на натпреварот ја направи токму Диви. Диви бринираше на голот на црвено – црните со неколку маестрални одбрани. Згора на се, Диви и успеа да ја ”запали” публиката на многу наврати.
Ангелов на ова средба успеа да запише 10 успешни интервенции, за околу 20-тина минути помината на теренот.