Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Половина од головите против Хрватска, дело на Вардарки
Половина од головите против Хрватска, дело на Вардарки

Половина од головите против Хрватска, дело на Вардарки

Нашата женска репрезентација го доживеа и вториот пораз во квалификациите. Денес во СЦ. Кале гостин ни беше селекцијата на Хрватска. Нашите девојки рамноправен противник беа само првите 20-тина минути од натпреварот, потоа следуваше голем пад, и голема предност за гостинките. Ова беше втор пораз, по оној во Ц.Гора, кога нашите девојки беа поразени од фаворитот Ц.Гора.

Девојките на крај загубија со резултат 22:36. Половина од погодоците во Македонија, ги постигнаа  две вардарки. Сара Ристовска постигна 8 погодоци, и беше најпрецизна кај нас, додека пак Теодора Керамитчиева, која настапува за ЖРК Вардар - 2 постигна 4 погодоци на овој натпревар, за вкупно 12 на овие две вардарки од нашите 22 погодоци. Инаку најефикасна во таворот на Хрватска беше, која друга ако не Андреа Пенезиќ. Пенка на овој натпревар погоди 9 пати во мрежата на исто така нашиот играч Драгана Петковска.