Рускиот лев бек во редовите на Вардар, Александер Деревен ќе биде надвор од терените околу 3-4 недели. Еден од најдобрите млади играчи во светот, доби непријатна повреда на вчерашниот дуел против Рајн-некар, поради што мораше да биде изнесен надвор од теренот. Деревен доби непријатна повреда во коленото, при еден груб фаул на противничкиот играч.
Сепак вестите и не се толку лоши, како што изгледаа на прв поглед. Се очекува да биде надвор од терените, околу 3-4 недели. Левиот бек со сигурност ќе ги пропушти следните два натпревари во лигата на шампионите, против екипите на Колдинг и Киелце, како и дуелот против Загреб во сеха-лигата. Му посакуваме побрзо опоравување и враќање на теренот, за помош на својот тим.