Успешен старт на новата натпреварувачка сезона за младинките на Жрк Вардар. Во првото коло на младинската лига, избраничките на Билјана Пецевска остварија минимална победа од 23:22, против екипата на Рк Чаир.
Иако потешко од очекувањата, црвено-црните девојки ги впишаа првите бодови на табелата. Натпреварот се играше во С.Р.Ц. Кале. Во првото полувреме се играше доста израмнето на двете страни, ни една од двете екипи не успеа да направи поглема разлика од два голови. Иако нашите девојки започнаа добро, во првите 15 минути од дуелот имаа константна предност. Сепак првото полувреме заврши со нерешени 11:11.
Во вториот дел продолжи играта гол за гол на двете страни, се додека по неколку нереализирани напади на Вардарки, противникот од Чаир успеаа да се одалечи на три гола позитива. Гостинот максимално ги искористи нашите грешки, за да го преземе водството. На голот застана Костовска која ја замени Мицевска, која бранеше околу 40 минути. Благодарение на нејзините одбрани, успеавме да го израмниме резултатот. Костовска фати во серија неколку топки, што ни овозможи да влеземе во израмнета завршница.
Овој меч имаше драматичен крај, гостите од Чаир го имаа последниот напад за победа, кој не го реализираа. Костовска фати топка и во контра ја пронајде Китановска, која на неколку секунди до крајот погоди за конечен триумф од 23:22. Следуваше голема радост на младите Вардарки, за успешен старт и прв триумф во новата сезона. Во нашите редови највеќе се истакнаа Анастасија Тодоровска, Маја Китановска и Ива Божиноска.