Коментаторите на „Арена Спорт“ Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ го исполнија ветувањето и беа специјални гости, на прославата на Европскиот Шампион. И тие, како и играчите, имаа свои минути да се обратат пред присутните илјадници наивачи, кои дојдоа во голем број да го поздрават шампионот.
-Кога имате вакви ракометни магионичари, лесно ни е нам коментаторите. Најдобриот ракомет моментално е во Македонија. Скопје повторно е европска престолнина на ракометот, слави Македонијо.