Летачкиот русин Тимур Дибиров и ако по гостувањето во Шведска беше повреден и имаше посебен режим на подготовки за мечот со Рајн-Некар на истиот одигра 60 минути. Тој имаше блескава партија и заедно со Душебаев беа најдобри стрелци во црвено – црниот табор во вториот домашен дуел од Л.Ш.
Дибиров ова четврто коло во ЕХФ Лигата на шампионите се најде во изборот за најубави топ-5 постигнати погодока за изминатата четврта рунда во најквалитетната европска ракометна лига. “Цепелинот“ кој почна со додавање од Душебаев до Шишкарев кој одлично го проигра Дибиров за прекрасен погодок и делириум во С,Ц Јане Санадански се најде на третото место на изборот. Видеото од ЕХФ ТВ изборот на топ-5 погодока ќе може да го погледнете – ТУКА