Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) ЕХФ анализа од тактички агол : Вардаровата тактика 5-1 ја донесе победата со Рајн-Некар
(ВИДЕО) ЕХФ анализа од тактички агол : Вардаровата тактика 5-1 ја донесе победата со Рајн-Некар

(ВИДЕО) ЕХФ анализа од тактички агол : Вардаровата тактика 5-1 ја донесе победата со Рајн-Некар

Европската куќа на ракометот дуелот на нашите црвено – црни и вице-шампионот во најсилната европска и светска лига бундес лигата тимот на Рајн-Некар го прогласи за дерби на четвртото кол го во ЕХФ Лигата на шампионите. Истиот го оправда епитетот дерби и со неизвесен тек беше мечот речеси во целиот негов тек. Освен во самиот  финиш кога Вардар ја направи предноста за конечна победа од плус шест гола.

Дуелот на тренерите во тактичкото надмудрување и поставување на екипите го доби кормиларот на македонскиот ракометен шампион. На ЕХФ ТВ во категоријата “Од тактички агол“европската ракометна федерација објави анализа за тактиката на нашиот тренер шпанецот Раул Гонзалез. Особено потенцирајќи ја улогата на играњето на 5-1 во одбраната стратегија која донесе победа на ова тешко соочување. Таа тактика донесе сигурна одбрана, лесни голови од контра и доведување на противникот во ситуација да погреши. За повеќе околу ова погледнете го самото видео-  ТУКА