Во саботата официјално започна првиот меѓународен фудбалски турнир “Кул куп 2015“ , кој се одржува во Карпош и Кисела вода. На него учество зема и фудбалскиот клуб Вардар, генерација родени “2006“ година. Избраниците на Игор Кралевски во група се најдоа со екипите на Риниа, Албарса и фудбал старс-Кочани.
Во првото коло, нашите млади надежи беа подобри од Ринија, забележувајќи минимална победа со резултат 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Дарко Сековски.
На овој дуел, Фк Вардар генерација “2006“ настапи во следниов состав: Лука Јаневски Андреј Данчевски, Давид Голубов, Дарко Сековски, Максим Цониќ, Давор Левковски, Никита Патаровски, Иван Блажевски, Михаил Николов, Дамјан Крстевски, Михаил Танчев и Милош Спасовски.
Во вториот натпревар за противник ја имавме екипата на фудбал старс-Кочани. На овој меч остваривме висока победа со резултат 13:1. Стрелци на головите беа Давид Голубов (4), Давор Левковски (3), Дарко Сековски (3), Максим Цониќ (2) и еден гол за Михаил Танчев.
Во третото и последно коло во групната фаза, црвено-црните го остварија и третиот триумф. Совладан беше тимот на Албарса, со резултат 6:1. Хет трик постигна Давор Левковски, по два гола додадоа Давид Голубов и Дарко Сековски.
Денес на програмата се четврт-финалните натпревари. Противник на Вардаровата генерација е екипата на Драчево.