Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Рк Вардар јуниор убедлив на стартот на младинската лига
Рк Вардар јуниор убедлив на стартот на младинската лига

Рк Вардар јуниор убедлив на стартот на младинската лига

Избраниците на Зоран Петковски-Зенга уште на стартот ја покажаа својата сила и моќ. Во првото коло на младинската лига, Рк Вардар јуниор беше убедлив против ГРК Борец забележувајќи победа со резултат 39:18.

Натпреварот се играше во малата сала во С.Ц. Јане Сандански. Само во првите пет минути гостинската екипа пружи отпор, кога имаше предност од 1:3. Во следниот период следува серија на црвено-црните од 8:0 за водство од 9:3. Противникот цели десет минути не успеа да постигне гол, што го искористија нашите момци. До крајот на првото полувреме ја одржувавме оваа разлика помеѓу 5-7 голови, за на пауза да заминеме со предност од 18:12.

Во вториот дел им се случи вистински дебакл на гостите од Велес. Советите на тренерот Петковски на паузата вродија со резултат. Младите Вардарци играа многу подобро во нападот и поцврсто во одбраната. Во вторите 30 минути му дозволија на противникот да постигне само шест голови. Напротив, ние успеавме да дадеме 21 гол. Самиот факт што сите играчи кои излегоа на теренот се запишаа во листата на стрелци, освен голманите зборува за силите на теренот.Освен почетните пет минути, до крајот на мечот квалитетот дојде до израз кој во голема мера беше на наша страна. Предноста во вториот дел растеше со секоја помината минута. Стрелците во црвено-црниот состав постојано се менуваа. Сите ракометари максимално ја искористија шансата која им се пружи на терен. Конечниот резултат гласеше 39:18. Најефикасни во нашиот состав беа Антонио Степановски кој постигна 6 голови. Дамјан Цветковски и Томче Стојановски додадоа по 4 погодоци. Во следното коло, противник на Вардар јуниор е екипата на Пролет. Другата екипа на Вардар која се натпреварува во младинска конкуренција, во ова коло беше слободна.

Куртановиќ, Стојов, Јаневски 2, Јорданов 3, Трајковски 2, Димитров 3, Апостоловски 2, Гичев 1, Димитриевски 1, Ѓоршевски 2, Цветковски 4, Стоилевски 3, Амзоски 3, Стојановски 4, Степановски 6 и Јовановски 3.