Викендов стартуваше новата натпреварувачка сезона во женската младинска лига. Ракометарките на Вардар во првото коло беа поуспешни од екипата на Рк Чаир, со минимална победа од 23:22. Се играше цврст натпревар, кој во поголем дел беше израмнет. Двете екипи имаа свој период на игра и предност. Сепак на крај подобро се снајдоа црвено-црните. Благодарение на одличните интервенции на Костовска и голот во последните секунди на Китановска, успеавме да ги освоиме првите бодови во оваа конкуренција.
-На натпреварот со Рк Чаир го дадовме својот максиум, исто како и на секој друг меч. Имавме неколку нереализирани напади, па затоа ни требаше повеќе борба за да дојдеме до победата. Меѓусебната поддршка не ни дозволи да ја изгубиме надежта за триумф, се до последните моменти. Во последните неколку секунди успеавме да се одбраниме од противникот. Во контра-напад јас го постигнав решавачкиот гол, кој ни ја донесе посакуваната победа и првите бодови, изјави Маја Китановска за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски