Актуелниот Европски шампион, тимот на РК Вардар одбраната на трофејот треба го започне на 14 или 15.септември, кога и ќе стартува новата сезона во Лигата на Шампионите.
Во наредниве неколку дена треба да биде познато кои од екипите кои аплицираа, ќе добијат вајлд карта за учество во најголемото натпреварување, а меѓу нив е и екипата на Еурофарм Работник. На 27.јуни, Вардар ќе ги дознае своите противници во една од најсилните групи, и оваа сезона екипите ќе бидат поделени во четири групи, по две најсилни и две послаби.
Завршниот турнир во Келн следната година е предвиден да се одигра на 30 и 31.мај.