Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ау.. нема препрека која ќе ги сопре! Пионерките на Вардар обезбедија кадетско финале и покажаа дека се тим од кој секој треба да стравува
Ау.. нема препрека која ќе ги сопре! Пионерките на Вардар обезбедија кадетско финале и покажаа дека се тим од кој секој треба да стравува

Ау.. нема препрека која ќе ги сопре! Пионерките на Вардар обезбедија кадетско финале и покажаа дека се тим од кој секој треба да стравува

ФИНАЛЕ… најмалите вардарки, пионерките на ЖРК Вардар покажаа дека имаат најголемо срце. Тие во кадетското 1/2-финале на турнирот за титула во Прилеп обезбедија меч за златен медал. Најмали, но најхрабри во оваа конкуренција. Во денешниот меч на мегдан излеговме со екипата на ЖРК Шампион, дуелот заврши реми. По пенали ние сме финалисти, честитки за сите девојки на Платон и Папуџиева кои повторно маестрално го водеа тимот до нова победа во нивни стил, со пожртвувана и тимска игра.

Дуелот не започна воопшто “розево“ за нас губевме на стартот со дури 7-2. Ривалот најави дека ќе го контолира мечот и дека ќе оди во финале. Нашите девојки значајно помали, но лудо храбри не мислеа така. Влегоа во костец и упсеаа да ја намалат разликата на минус два пред одморот. На пауза заминавме со 14-12. Нешто кажуваше дека ние сме новите финалисти, следеше одмор и совети од тренерскиот двоец.

f2

Ривалот  побара и го доби, црвено-црниот ураган пред себе. Со серија 1-6 ние во вториот дел ги фрливме во очај поведувајќи со 15-18. Игравме одлично противникот се врати во игра, се обиде да победни ама не дозволивме. Регуларниот дел заврши со резултат 24-24. Сепак психолошката предност беше на наша страна, ние “гризавме“ за финале. Кај нас Радевска Бојана имаше 6 гола,  три пати стрелаа; Пешиќ, Миланова и Ангеловска.

“Пенал-рулетот“ го даде финалистот, тоа е нашиот црвено-црн пионерски состав. И тука беше драматично и постојано нерешено, по пет пенали беше повторно реми. Шесттата серија дојде на ред, на нашиот гол Леа Христова фати фантастично, безмилосен “егзекутор“ беше Мила Крагељ која донесе голема радост и финален двобој.

Во финалето ова попладне ќе се сретнеме со тимот на ЖРК Металург кој го победи домаќинот на Ф-4 турнирот екипата на ЖРК Деспина со минимални, но доволни 29-28. Тие победија со пресврт откако на полувреме губеа 13-12.
Мечот за пехар се игра во 19-00 часот.

Колку фантастично игра овој тим пролетва покажува и фактот дека од 3то место зимоска нареди 7 победи во групата и како лидер обезбеди Ф-4 во кадетска лига. Со оваа победа имаат 8, на тоа ако додадеме 7 во пионерска конкуренција (каде дојдовме до злато) имаат 15 од 15 оваа полет.

Останува да се каже само БРАВОО…