Миленикот на навивачите, играчот кој остава срце на терен, капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов ја одигра осмата сезона во црвено-црниот дрес.
Стоилов ја имаше најдобрата сезона во Вардар, што се однесува до бројот на постигнати голови, со вкупно 34 погодоци. Со двата голови во големото финале против екипата на Веспрем, Стоилов стигна до „јубилеј“ од над 100 голови за Вардар во Лигата на Шампионите.