Денес со почеток од 11:00 часот, помладите пионери на ФК Вардар ги стартуваат настапите на турнирот „Играј фудбал, живеј живот“ , кој се одржува во Сараево.
Вчера вечерта екипата предводена од Деспотовски стигна во главниот град на БИХ и денес ќе го има воведниот натпревар на турнирот и тоа токму против домаќинот, екипата на Сараево.
Натпреварите од турнирот ќе бидат пренесувани на каналите на Спорт Клуб, така ќе биде и на првиот меч на Вардар против Сараево, дуел кој можете да го проследите на Спорт Клуб 2. Кај момците владее позитивна атмосфера, иако ќе играме со повозрасниот тим на Сараево, сигурно дека ќе оставиме срце на терен и ќе се обидеме со победа да го отвориме турнирот.