Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Шест играчи од ФК Вардар повикани за тренинг кампот на репрезентацијата до 18 години
Шест играчи од ФК Вардар повикани за тренинг кампот на репрезентацијата до 18 години

Шест играчи од ФК Вардар повикани за тренинг кампот на репрезентацијата до 18 години

Репрезентацијата до 18 години (фудбалери родени 2002 година) во периодот од 14. јуни до 20. јуни, 2019 г. ќе има тренинг камп во Дојран. Во рамки на тренинг кампот стручниот штаб на чело со селекторот Шкумбин Арслани има предвидено по тренинзи и контролни натпревари кои ќе се одржат на тренинг центарот на СЦ Истатов – Нов Дојран.

Двата контролни натпревари ќе се одиграат против фудбалерите родени 2000-2001 на ФК Академија Пандев, и тоа на 16. јуни и на 19. јуни со почеток во 17.00 часот.

Селекторот Арслани за овој тренинг камп повика и шест играчи од редовите на Вардар. Се работи за Христијан Китановски, Али Асани, Виктор Крстевски, Александар Ѓурковски, Анатолиј Петејчук и Леонид Игнатов.