Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар на „крила” е сигурен!
Вардар на „крила” е сигурен!

Вардар на „крила” е сигурен!

Ако има нешто добро за новиот тренер на Вардарци Давид Хосе Писонеро, тоа се крилните позиции во неговиот нов тим.

На левата односно десната крилна позиција Вардар во овој момент е сигурен, па така Писонеро нема да има мака да бара нови играчи и на овие позиции. Леви крила и во новата сезона ќе бидат Тимур Дибиров и Владо Недановски, додека пак на десната страна остануваат маестралните Даниил Шишкарев, трикратниот освојувач на Лигата на шампионите, Иван Чупиќ и Мартин Поповски.

На другите позиции, пред се на голманската, Писонеро мака ќе мачи да пронајде нови квалитетни голмани. Во овој момент за замена на Милосављев најблиску е Никола Портнер, додека пак новиот стратег на позицијата среден бек сака да донесе двајца играчи од Шпанија, по заминувањето од Скопје на Карачиќ и Војводиќ.

Кога сме кај Глеб Калараш, иако денеска излезе и официјална информација од Мотор Запорожје, сепак, сеуште постојат шанси Калараш да остане во Вардар и во новата сезона.