Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. 2004 со две победи и еден нерешен резултат обезбеди 1/2 финале на турнирот “Срце Куп“
Вардаровата генер. 2004 со две победи и еден нерешен резултат обезбеди 1/2 финале на турнирот “Срце Куп“

Вардаровата генер. 2004 со две победи и еден нерешен резултат обезбеди 1/2 финале на турнирот “Срце Куп“

Генерацијата 2004 на ФК Вардар денес ги стартуваше настапите на турнирот „Срце Куп“ кој се одигрува во Босна и Херцеговина. Избраниците на Петар Ѓорѓиески денес одиграа дури три натпревари, на кои остваривме две победи и еден нерешен резултат.

На отварање на турнирот се сретнавме со екипата на Будуќност од Црна Гора, против која одигравме без победник (0:0).

Вардар: Ангелов, Павлески, Љушев, Јаневски, Каровски, Милошевски (c), Левент, Гуџуфи, Идризи, Ричков, Здравковски

На вториот меч се сретнавме со екипата на Џаково Кроација, која ја совладавме со резултат 2:0. Стрелци на головите беа Горазд Попов и Талха Идризи.

Во последниот дуел од првиот натпреварувачки ден, силите ги одмеривме со екипата на Ступчаница. На овој дуел црвено-црните триумфираа убедливо со резултат 6:0. Бесар Гуџуфи постигна два гола, додека по еден гол беа дело на Максим Милошевски, Теодор Перковски, Огнен Здравковски и Ибраим Левент.

На тој начин, нашите млади надежи успеаа да се пласираат во полуфиналето на турнирот, кое на програмата е во текот на утрешниот ден.