Денес на турнирот во Несебар, полуфиналните и четвртфиналните мечеви ќе ги одиграат генерациите на Вардар родени 2006 и 2007 година.
Генерацијата 2006 на Филип Спасески го освои првото место во групата, со три победи од исто толку натпревари. Тие денес во полуфиналето за противник ја имаат екипата на Ботев Пловдив, меч кој ќе се одигра од 18:30 часот по македонско време.
Генерацијата 2007 на Драган Стефановски денес го игра четвртфиналето на турнирот во Несебар, а противник е тимот на ФА Пловдив. Тие исто така беа први во својата група, со три победи. Својот дуел денес го играат со почеток од 15:00 часот по македонско време.
Денес својот последен меч во групата ќе го одигра генерацијата 2005 на Вардар предводена од Зоран Петковски, која доколку победи ќе обезбеди директен пласман во големото финале на турнирот во Несебар.