Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Сташ Скубе „црвено – црн” до 2022 година!
Сташ Скубе „црвено – црн” до 2022 година!

Сташ Скубе „црвено – црн” до 2022 година!

Организаторот на играта словенскиот интернационалец Сташ Скубе ќе остане во Вардар до 2022 година. Тој го продолжи договорот со двојниот европски првак и во иднина ќе биде еден од носителите на играта кај „црвено-црните”.

Ова е супер вест за сите во Вардар, со оглед на фактот што Скубе прерасна во еден носител на играта на европскиот шампион, а со сигурност во новата сезона ќе биде и уште подобар. На Скубе му е одлично во Скопје, ужива во фантастичната атмосфера која ја прават вардаровите навивачи и се надева на уште подобри резултати во новата сезона.

„Задоволни сме што Сташ останува со нас и во следните сезони. Со продолжувањето на соработката сигурни сме дека ќе бидеме уште подобри, а тој ќе продолжи да биде еден од лидерите во тимот. Вардар го задржува костурот на тимот и сериозно се подготвува за предизвиците во сезоната 2019/2020, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на РК Вардар.